До своите доцни 20-ти, Кафка бил опседнат со вежбање. „Моето тело нема ни ронка сало кое би го надарило со благословена топлина, кое би можело да го одржи внатрешниот оган, нема резерви врз основа на кои духот би можел повремено да се храни себеси над дневните потреби без да ја поремети целината“. Докторите на писателот се согласувале дека тоа е така. Во 1907 еден од нив го опишал телото на Кафка како „слабникаво и деликатно“, додавајќи дека „тој е релативно млитав“.
Но ова почнало да се менува кога Кафка го открил Јирген Петер Милер. Дански фитнес гуру познат по скијањето само по платнена наметка, Милер во тој период бил еден од најпопуларните луѓе во цела Европа. Во 1904 објавил памфлет под наслов „Мојот систем“, кој ветувал дека може да трансформира било кое тело во такво на старогрчки бог со само 15-минутно вежбање дневно. Неговите книги биле бестселери, се продавале во милионски тиражи и биле преведени на најмалку 25 јазици. Милеровите методи биле толку популарни што неговото име станало глагол - „да милеруваш“ значело „да вежбаш“.
Кога Кафка го открил овој систем станал нешто рамно на денешниот крос-фит фанатик. Го промовирал ваквото вежбање наоколу, па дури и го препорачал и на својата вереница (ништо чудно што никогаш не се зеле). Вежбал и гол додека минувачите го гледале низ прозорецот.
И не дека овој метод има некаква маана, напротив, тој е полн со квалитетни вежби и добри совети. На пример умерено внесување алкохол, многу вода, миење заби и спиење осум часа секоја ноќ. Пробајте сами, ама притоа не заборавајте да ја спуштите ролетната.
Претходно: 99 работи што не ги знаевте за Кафка