Bookbox

Повторувањето не е мајка на досадата

Ако сте во друштво кое треба да се одлучи за филм, а помеѓу насловите има таков кој на повеќето од вас ви е гледан, тогаш тој автоматски излегува од конкуренција. Грешка, сугерира нова студија.

Откриена „дата базата“ на сите книги во Eвропа од 16 век

Ја составил вонбрачниот син на Колумбо, и со векови никој не знаел каде точно се наоѓа. Сè додека неодамна не искрснала среде збирка на исландски истражувач која се чува во Копенхаген.

Врската меѓу Јунг и корејскиот поп

Пред некое време пишувавме за тоа како корејскиот поп стана глобален феномен, спомнувајќи ги Би-ти-ес, момчешки бенд кој во 2017 прерасна во еден од најголемите нови феномени во САД. Сега тие имаат нов албум, кој има врска, ни повеќе ни помалку, туку со основачот на аналитичката психологија.

Милчо Манчевски: „Книгите ми помогнаа да си го најдам местото во светот“

23 aприл е Меѓународен ден на книгата и авторското право, кога традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден. Оваа година македонската ја напиша Милчо Манчевски.

Не баш „дебата на векот“: Питерсон наспроти Жижек

Беше помпезно најавувана, создавајќи атмосфера на претстоечки спортски натпревар, иако не е баш јасно кој спорт би бил најсоодветната метафора. За Жижек можеби некој што бара мавтање со раце (одбрана ватерполо?), за Питерсон нешто како шах или стреличарство. Ама пак се разбраа.

Пиење и книги

На денот кога го оддржуваме деветото издание на „Јадење книги“ си велиме, да не згрешивме ние со хранава?

Урино-археологија: нов метод за откривање древни тајни

Пред околу 10.000 години група ловци и собирачи се населиле во долините на модерна Турција и останале таму цел милениум. Но за тоа во колкав број биле и какви домашни животни чувале, сега се користи еден сосема нов извор - мочката.

Оркестарски музичар доби судски процес за нарушен слух

Британската Кралска опера го загуби случајот откако член на оркестарот ја тужеше заради тоа што на проба на „Валкирите“ на Вагнер се здобил со трајни оштетувања на сетилото за слух.

Kaко Алберт Ками нашол утеха во апсурдноста на фудбалот

Kaко е можно еден мрчатор-егзистенцијалист, кој генерално не гледал смисла во животот, толку многу да ужива во една апсурдна игра како фудбалот? Па можеби токму во апсурдноста е и клучот.

Пулицер за 2019 доби роман во кој главни ликови се дрвја

Веста за пожарот кој ја зафати Богородичната црква го фрли во сенка доделувањето на врвните признанија од областа на новинарството и книжевноста, кое се случи синоќа, 15.4. Во категоријата за белетристика Пулицерова доби роман кој зборува за односот на човекот со природата.

Пожарот во Богородичната црква кој го опиша Виктор Иго во 19 век

Во текот на својата 856 години долга историја, Нотр Дам поминала низ многу нешта. Но еден писател и негов славен роман се најзаслужни што црквата го преживеала 19 век, кога готската архитектура била оставана да скапува.

Што сонувавте ноќеска?

Има луѓе кои кога ќе тргнеш да им раскажуваш сон почнуваат да превртуваат со очи и ја прават онаа „поштеди ме“ фаца. Она што тие не го разбираат е дека со тоа што ја намалуваат вредноста на овие нарации и самите се лишуваат од одлична можност.

Петиција против „расистички“ мурал во францускиот парламент

Двајца француски професори покренаа петиција за остранување на сликата која го комеморира укинувањето на ропството, а е поставен во нивниот Парламент, затоа што бил расистички, понижувачки и дехуманизирачки во однос на црнците.

Францускиот писател кој шеташе наоколу со жив јастог

Се викал Жерар де Нервал. Живеел во 19 век и бил еден од главните претставници на францускиот романтизам. Неговите дела влијаеле и врз подоцнежните надреалисти. Но не само делата, туку и неговиот начин на однесување - на пример необичниот љубимец кого го шетал врзан за каивче.

Човекот кој ги пере валканите алишта на славните музичари

Во раните 1980-ти еден западногермански музички фан дошол до генијална идеја - да им ги пере алиштата на ѕвездите. Така се родила Рокенрол пералницата.

Вистинската црна јама во споредба со тоа како ја замислуваа уметниците

Личи на „окото на Саурон“ или некаква морничава кружна форма опкружена со огнени јазици. До сега можевме само да ја замислуваме, но оние уметници кои тоа го правеле не биле далеку од вистината.

Зошто бавноста нè излудува?

Бавни возачи, бавен интернет, бавни редици на каса - сите тие во најмала рака нервираат, а некогаш се повод и за агресивни реакции. Колку што светот забрзува, токлу прагот на толеранција за влечкање се спушта.

Растенијата знаат да бројат?

Денес на подарок добив „Венерина муволовка“, едно нешто кое во хорор цртаните делува страшно, а во живо кревко и нежно. Барем дур е мало. Е тоа растение наводно знае да брои.

Книга наместо билет за воз

Цели 87 години на крајот на март Холанѓаните ги промовираат своите писатели и читањето воопшто. А како подобро да промовираш, ако не со тоа што нешто ќе направиш бесплатно?

Зошто некои народи се подобри во креативно мислење?

Кај секого од нас постои тенденција да се држиме до познати начини на решавање проблеми - ако еднаш нешто дало резултат нема причина да не даде и следниот пат. Нo психолозите повеќе се интересираат за спротивниот начин на мислење, оној флексибилниот, кој изгледа е и културолошки условен.

Пијавици место пиво и кикирики: маките на новинарството

Пред некое време почнавме да објавуваме текстови за случки од животот низ очите на различни професии (тука и тука). Добивме впечаток како е да си бравар, фотограф, банкар. А што, новинарите не се луѓе?

Полски свештеник го запали Хари Потер

Свештеник од северна Полска организирал палење „зли“ предмети, меѓу кои и книги од серијата за малиот волшебник.