На 16 октомври по 71 пат се отвори најголемиот саемски настан посветен на издавањето и продавањето книги. Кога веќе не можеме да бидеме таму, да видиме што е најважното што се случуваше, или ќе се случува до неговото затворање на 20.10.
Во 1859, 450 патници на бродот Ројал Чартер, кои се враќале од австралиските рудници кон Ливерпул, се удавиле кога парниот брод потонал близу северниот брег на Велс. Некои од нив можеби ќе се спаселе да не биле повлечени кон дното од појасите полни злато, од кои никако не сакале да се откажат.
Koга умрел во Швајцарија, Ирците не можеле да бидат порамнодушни. Ги интересирало само дали погребот бил католички. Сега, скоро 80 години подоцна, одеднаш им текна да бараат репатријација на неговите остатоци.
Во август 2018 славниот виолончелист почна двегодишно патување, кое вклучува изведба на шесте суити за соло чело на 36 локации. Тие истовремено се и првите кои тој ги научил како дете, кога почнал да свири на 4 годишна возраст.
Да, зборуваме на чет, понекогаш и на телефон, но помеѓу секое видување поминуваат сè подолги и подолги периоди. Нарушувањето на колективниот ритам на одмарање значи прекин на меѓучовечките врски, а тоа атомизирање и изолирање е можен извор на тоталитаризам.
Затворениците доселени во Австралија од својата татковина - Англија - помеѓу другото донеле и куп зборови и изрази. Еден од нив, исто така осуденик, ги документирал во 1819, во книга под наслов A Vocabulary of the Flash Language.
Не била ни сијалицата, ни фонографот, ни подвижните слики. Најголемиот придонес кон технологијата на Едисон се состоел во новиот начин на размислување за неа.
Додека расте бројот на реакции по повод доделувањето на престижниот Нобел на австрискиот писател, некој го брани. Поточно, го бранел уште во 2015, во текст во кој вели дека Хандке можел да ја добие наградата „да не се инаетел“.
Да речеме дека сте веќе средовечни, па дури и - според стереотипното сфаќање - стари. Но истовремено сте во подобра кондиција од вашите врсници, па оттаму се чувствувате и се идентификувате како помлади од вашата официјална возраст. Затоа, кога ќе видите оглас „Бараме девојче за работа“ се чувствувате дискриминирани. Дали треба да ви биде дозволено да ги промените документите за возраста во нив да одговара на вашето внатрешно чувство?
Денес, 10.10, беа соопштени двајцата добитници на престижната награда, Олга Токарчук и Петер Хандке. Набргу се појавија првите скандализирани реакции на одлуката австрискиот автор да биде закитен со неа.
Звучи шашаво, ама изгледа помага - компании плаќаат на стенд ап комичари да им ги обучуваат вработените, за овие да знаат како да комуницираат, да раководат, да продадат. Сето тоа низ смеа и хумор.
По септемвриската лежерност, за сите кои имаат дома ученици, настапува есенскиот стрес, со домашни, испрашување и тестови. Ама ако мислите дека на родителите од минатото им било полесно, се лажете.
Не е метафора, ниту начин да се одбегне одговор („какво беше јадењето?“, „немам зборови“), иако може да биде и двете нешта. Зборуваме за она кога навистина не може со зборови да го опишеш она што го доживуваш - кога основните алатки за комуникација не помагаат.
Модерна верзија на „Преобразба“ на Кафка, која е истовремено и политичка сатира, новиот краток роман на Мекјуан под наслов „Бубашваба“ главно се однесува на Британија. Иако политиката насекаде е полна со гнасни инсекти.
Пред да се прослави со своите трилери, како „Девојката со тетоважа на змеј“, објавени постхумно, тој бил новинар и активист, кој се обидувал да посочи на опасноста од десничарскиот екстремизам и нео-нацистичките групи во Шведска.
Наративот на линеарниот напредок се однесува на револуционерни пронајдоци кои ги заменуваат оние „примитивните“ од минатото, или на такви кои некогаш биле незамисливи. Стримингот обично го сместуваме во вторава категорија. Но тој всушност датира од пред повеќе од еден век.
Истражување од 2017, кое покажа дека разбирањето и емпатијата кон текстот наводно се намалува кога тој жанровски е „наместен“ да изгледа како научна фантастика, го покажа она што го знае секој ес-еф фан: не е до жанрот, до квалитетот на приказната е.