За Јо-Јо, 300 години старата музика на Бах е прекрасен пример за тоа како културата може да ги поврзе луѓето низ времето, и како може да ни помогне да замислиме подобра иднина. Оттаму, неговите планирани 36 изведби на суитите за соло виолончело низ светот не вклучуваат само свирење, туку и соработка со организации и поединци за создавање на некаква позитивна промена.
„Караванот“ тргна на 1 август 2018 од Денвер, Колорадо, па премина во Европа во Лајпциг, Германија; следна дестинација беше Мумбаи, Индија, а следуваа, меѓу другите, Мексико и Перу. Сега следниот најавен концерт е планиран во Синдеј, Австралија, на 4 ноември, а последниот за оваа година е закажан во Џакарта, Индонезија, на крајот од оваа година.
Јо-Јо Ма неодамна свиреше и на Тајни деск концерт во просториите на НПР, пред публика (според муабетот) најверојатно составена од деца и млади. Погледнете го видеото и слушнете како тој раскажува, и со зборови и низ музиката. Особено е интересна неговата забелешка за природата на Сарабандата содржана во суитата број 6 која ја изведувал и на свадбите, и за жал на погребите на двајца негови пријатели. Така музиката го следи и често го затвора кругот на животот.
Бонус: Леонард Бернштајн во 1962 го претставува 7-годишниот Јо-Јо кој свири пред куп славни личности