Во август 2018 славниот виолончелист почна двегодишно патување, кое вклучува изведба на шесте суити за соло чело на 36 локации. Тие истовремено се и првите кои тој ги научил како дете, кога почнал да свири на 4 годишна возраст.
Во годината во која се слави 100-годишнината од раѓањето на еден од најхаризматичните промотори на музиката, Леонард Бернштајн, почнуваме серија интересни теми од областа на музиката, особено на класичната - помалку познати факти и аспекти кои можеби ќе придонесат за нејзино попродлабочено слушање.
Од денес, 7.12, па до 19 декември во Park Avenue Armory, историска зграда во Њујорк, ќе се изведуваат „Голдбергови варијации" на Бах. На пијано, руско-германскиот музичар Игор Левит. Мастермајндот позади сцената - Марина Абрамовиќ.