Bookbox

Како се пишува моќна реченица?

Понекогаш помислуваме дека треба да сме пресреќни кога ќе прочитаме барем коректна и артикулирана реченица на македонски. Но има и нешто повеќе од тоа - да прочиташ (или напишеш) реченица која е истовремено суптилна и силна.

Киднапираното момче од Африка кое стана германски филозоф

Можеби звучи како еден од оние наслови „Х кој направи тоа и тоа..“, но ова не е книга за самопомош, туку вистинска приказна, како и многу други запретана малку подлабоко во времето и памтењето.

Првата комедија напишана од жена се поставува по 400 години

Се викала лејди Мери Врот, а нејзината драма, „Љубовна победа“, се смета за прва комедија чиј автор е жена. Дури сега, четири века откако е напишана, таа ја добива својата прва професионална продукција.

Почина Роберт Вентури, еден од најзначајните светски архитекти

Добитник на Прицкер, престижната награда за архитектура, Вентури почина на 93 години и зад себе остави бројни дела, книги и познатата контра-модернистичка максима - „Помалку е досадно“ (Less is bore)

5 музичари препорачуваат 5 минути кои ќе направат да ја засакате класиката

Можеби сте од оние кои веќе ја сакаат, ја слушаат или самите ја изведуваат. Но можеби пак сте од оние кои секогаш ја сметале за (пре)сериозна, тешка и здодевна. Дозволете да ве предомислиме.

Уметнички проект: школски фотографии на сите третоодделенци во Лондон

Режисерот Стив МекКвин („Срам“ и Оскар за „12 години роб“) почнува нов проект - ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон.

Модата на пиење злато на француската аристократија

Се користело како лек и еликсир. Но истовремено бавно ги труело оние кои со него сакале да се подмладат. Всушност токму на овој начин можеби и си ја вршело функцијата - оној кој умрел млад, не стигнал ни да остари.

Дали судбината навистина чука на вратата во Бетовеновата петта?

Та-та-та-ТАМ! Една од најпознатите нотни низи во историјата на музиката, која вообичаено се толкува како звук на судбината. Но колку е оваа асоцијација навистина на композиторот?

Супермонтажа на филмски сцени во кои камерата се движи наназад

Solomon Society е јутјуб канал кој објавува смешни и необични монтажи (на пример како Џеки Чен скока преку огради, од повеќе филмови). Најновото видео им е насловено „филмови кои одат наназад“.

Библиотеките во кои има тајни станови

Во библиотеката Форт Вашингтон на Менхетен со години постоел „скриен“ стан, во кои живееле луѓето кои ги полнеле печките со јаглен за загревање на објектот и нивните семејства. Такви станови имало во скоро сите библиотеки во Њујорк.

„Комунистичкиот манифест“ како графичка новела

Во мај оваа година, по повод 170-годишнината од објавувањето на „Комунистичкиот манифест“ на Маркс и Енгелс, излезе илустрирана адаптација на истиот. Освен неколку страници проза, целото дело е презентирано во стил на графичка новела.

Сериозната пародија на Нобеловите: Иг награди 2018

Можеби не се најнаучни, но овие истражувања се дефинитивно позабавни од голем дел наука. Сте помислиле ли, на пример, колку калории внесува човекојадец?

Ѕирни долу: какви гаќи се носеле во минатото?

Изложба посветена на хигиенските навики во минатото се отвара во регионален музеј во Хрватска. Информацијата ја пренесуваме како инспирација за нашите музеи, но и заради едно интересно прашање - дали на Балканот дури и за носење гаќи било потребно европско влијание?

Макс Ото фон Штирлиц - руската верзија на Џејмс Бонд

На 11 август 1973 во поранешен СССР почнала да се прикажува ТВ серија поради која животот на улиците барем за момент замирал. Нејзиниот главен лик ги инспирирал младите Руси да станат вистински разузнавачи. 

Отровната тајна на лакираните уметнички предмети

Длабокиот отсјај на темно црвениот или на црниот лак, често прекрасно декориран со златни, сребрени или бисерни интарзии, е карактеристика на уметноста на повеќе народи. Но Јапонците го имаат доведено лакирањето до совршенство, тој процес кој зависи од една отровна билка, сродна со мангото и ф`стакот.

Кој е вашиот коефициент на злоба?

Како што има коефициент на интелигенција, така има и мерка за тоа кој колку е злобен. И се вика фактор „мрак“.

Писателката која на смртна постела го огласи својот сопствен маж

Нека оваа приказна барем за миг ве сопре во она што го правите, и ве натера да се потсетите на важните нешта.

Библиотека што овозможува читателите да зајмат вратоврски и чанти

Во обид да останат релевантни во новото време, библиотеките прибегнуваат кон различни стратегии. Њујоршката доделува грантови за најиновативните предлози на своите вработени, меѓу кои - зајмење облека.

Жолтата боја добиена со мачење животни

Неодамна пишувавме за ретката сина боја која ја измислиле Маите. На ред е - индиската жолта.

Другарот на Бетовен кој дури сега го добива заслуженото признание

Антоан Риша (еден од можните изговори на неговото име) до сега се среќаваше само во фусноти на книги поврзани со Бетовен. Двајцата се здружиле како тинејџери кога свиреле во ист оркестар во Бон: Риша втора флејта, Бетовен виола. Но сега еден пијанист ја оживува неговата музика, која до сега не го добила заслуженото признание.

Сте чуле за играта „Извонредни трупови“?

Земате ливче и во горниот дел цртате нешто. Потоа го виткате и го давате на следниот. Така додека ливчето не се исполни. На крај отварате и го гледате резултатот. Понекогаш тој е извонреден.

Зошто Јутјуб блокира видеа со класична музика?

Германски наставник по музичко со благородни намери почнал да качува серија видеа кои содржеле дела на композитори умрени пред стотици години за да им послужат на неговите ученици. Но тие на алгоритмите на јутјуб им зазвучело некако фалш. 

Љубовната приказна на осата и смоквата

„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.

Лени Кравиц: Џони Кеш ме тешеше кога умре мајка ми

Кравиц има нов албум, Raise Vibration, на која има песна посветена на Кеш. А за посветата има и добра причина.