
Видеото е направено врз позадина од верзија на „Како да одиме само наназад“ на Тејм Импала и покрива десетина филмови, меѓу кои „Приказна од западната страна“, „Чарли и фабриката за чоколади“, „Артист“, „Контакт“, „Пеколниот портокал“, како и серии (ја препознавме барем „Брејкинг бед“).
Насловот во оригинал е по малку збунувачки, бидејќи барем ние очекувавме самите сцени да одат наназад (како на rewind). Всушност се работи за движењето на камерата во однос на субјектот, а таа (камерата) оди наназад, или барем е создадена илузија за истото.
Креаторите имаат ставено една умна забелешка под клипот, во форма на „забавен факт“: дека ако го пуштите видеото назачки, се ќе се движи нанапред.
Погледнете и сами: