Насловите на поглавјата во книга која излезе на почетокот на оваа година - „Смрт од жештина“, „Океани што умираат“, „Воздух што не може да се дише“, „Чума на загревањето“ - сами по себе можат да предизвикаат паничен напад. Но работата станува уште полоша кога човек ќе се зачита.
Дури и на софра да има само еден Македонец и еден Словенец нема да има многу муабет ако обајцата не сакаат или не знаат да се најдат некаде на средина, околу некогашниот српско-хрватски. За разбирлива комуникација пак помеѓу претставници на повеќе словенски јазици е потребна поголема координација. Меѓусловенскиот е еден начин тоа да се постигне.
Тројца психолози покажуваат како вознемиреноста од мислата на смртта свесно и подсвесно влијае врз нашиот начин на живот. Чувството е толку застрашувачко, што луѓето прават сè за да најдат некаква утеха и чувство за смисла, од трупање статусни симболи до формирање заедници со истомислениците.
Во 17 век Холандската република станала светска сила, а нејзината просперитетна економија придонела за процут на уметноста и културата. Тоа било ера на еден Спиноза и Хигенс, на Рембрант и Вермер, која историчарите долго време ја нарекуваа „златно доба“ на земјата. Но еден холандски музеј реши да престане со оваа практика.
Не знаеме за вас, ама ние полека но сигурно го губиме трпението за телефонски разговори. Од непотребни воведни поздрави, до она бесконечно „ај“-„епа ок“-„ај“ на крајот кој никако да настапи, чувствуваме дека од таков вид епски муабети во ера на чет и мејл веќе нема потреба. Ама изгледа разговорот со глас сепак има некои предности.
Шекспир починал кога Милтон имал 8 години. Славниот автор на „Загубениот рај“ (на македонски препеан од Драги Михајловски) се смета за книжевен наследник на бардот. Но сега има и доказ за нивната духовна поврзаност.
Австралиски автор и директор на неколку училишта тврди дека е сè потешко да се раководи со ваква институција. Не поради децата, туку поради нивните родители.
Во светот се кудени, но посакувани заради видливост и продажба. Кај нас, пред сè заради еднократната исплата и признанието од колегите - членови на жирито, ако тоа се погоди чесно. За првото има истражување. За второто само инсајдерски впечатоци.
Германски научник ја доби пародијата на Нобеловата за оваа година заради откритие дека држењето молив во уста не носи радост. А има и уште поживописни теми.
Urban Dictionary во раната интернет ера делуваше како одличен проект - отворен речник на англискиот во кој секој може да придонесува. На неговиот 20-ти роденден ова веќе не изгледа како добра идеја.
Марк Левисон, англиски автор и историчар се смета за светски авторитет кога станува збор за Битлси. Снимките до кои дошол за нивните последни состаноци кажуваат поинаква приказна од онаа која до сега ја знаевме - дека едвај чекале да се растурат, и дека главен виновник за тоа бил Џон.
Пред неколку дена излезе долго очекуваното продолжение на „Приказната на слугинката“, дистопискиот роман од 1985 кој стана најпознат по истоимената серија инспирирана од него. Магазинот Тајм по тој повод ја стави Атвуд на насловната, и направи детално интервју во кое таа обелоденува дел од содржината.
Кант сметал дека моралното образование е „хидрауличен“ процес - срамот ни ги потиснува пороците, и прави простор за да се издигнат нашите доблести. Ова особено ефикасно функционира кога сме соочени со примери кои нè засрамуваат со својата морална исправност. Како тоа - кои примери?
Бизнисот на изработка на „џинглови“, потсетници и аларми за различни апарати за домаќинството цвета. Но дали звуците што ги испуштаат тие навистина им прават разлика на потрошувачите или само создаваат непотребна врева?
И двајцата биле жртви на советскиот Гулаг. Владимир бил осуден на 10 години тешка физичка работа, а Ивана се водела како затвореник број 108. Никогаш не се сретнале, но на нивното допишување таа се сеќава и денес, на 93 години.
Еволуцијата не следи некој предодреден, рамномерен пат. Па сепак, масовно користената визуелизација на овој процес ја прикажува токму така - како развој од примитивно кон напредно.
Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.
Ова што следи е извадок од нова книга на една за многумина мрачна тема - ракување со остатоците од телата на блиски, по нивната смрт. Доколку сте со осетливи нерви и стомак, имаме само еден спојлер за вас, после кој може да одлучите дали да продолжите со читање: кожојадни бубачки.
Ги знаете тие „ризични“ зборови, кои дури и да не се употребени како навреда можат да создадат проблеми. „Шиптар“, „Циган“, „педер“, сè во врска со „Македонија“. Да имавме повеќе црнци, и тоа ќе беше спорно.
Вчера, 3.9, беа објавени финалистите за овогодинешната Букерова награда. На списокот има шест автори и исто толку дела, но едно се издвојува по својата необичност.