Bookbox

Kоељо избришал ракопис за книга која ја пишувал со Коби Брајант

„Без придонесот на Брајант, книгата ја загуби својата смисла“, изјавил Пауло Коељо по смртта на славниот кошаркар, објаснувајќи зошто одлучил да ги уништи досегашните скици за она што требало да биде нивна заедничка книга.

Како книгите за самопомош инспирирале писатели како Хемингвеј или Вулф

„Оние што пишуваат прирачници за самопомош во однос на другите писатели се како жаби во споредба со цицачите; тие не се раѓаат, тие се мрестат“. Така напишал влијателниот новинар на Њујоркер, Двајт Мекдоналд во 1954. Но поделбата на „сериозни“ и „популарни“ писатели не била секогаш толку ригидна колку што изгледа. 

Повик за бојкот на новата британска монета од 50 пени заради - запирка

„Мир, просперитет и пријателство со сите нации“, гласи текстот на новата монета која треба да излезе на денот на истапување на Британија од ЕУ, 31 јануари. „Неписмени!“, реагира славниот автор Филип Пулман, посочувајќи дека во реченицата фали тн. „оксфордска запирка“.

Од каде потекнува терминот „карантин“?

Во момент кога Кина го проширува карантинот кој треба да спречи експанзија на коронавирусот на 12 градови со вкупно 35 милиони жители, да погледнеме во историјата на овој феномен, и дали ваквите мерки реално помогнале во заштита на населението.

Секс во Британскиот музеј: изложба посветена на тантра филозофијата

Организаторите на првата британска изложба на тема тантра, на публиката ѝ порачуваат две битни нешта: дека таа нема да вклучува ништо од Кама Сутра. И дека во неа не е спомнат Стинг.

Oчи покриени со пршута: изрази од различни јазици кои тешко се преведуваат

До сега на долго и на широко сме зборувале за непреводливите зборови од различни култури, кои кажуваат нешто за нивниот светоглед. Но уште поинтересни и потешки за превод се поговорките, афоризмите и идиомите кои буквално пренесени често звучат смешно и бесмислено.

Тери Џонс: „Уште како дете сфатив дека комедијата е опасна работа“

По смртта на 77 години на човекот кој според многумина беше душата на Монти Пајтон, негово интервју од 2014, кое до сега се нема појавено онлајн.

Зурла на срамот: инструментот за посрамување на лошите музичари

Нам ни личи на зурла, иако англискиот термин е „флејта“ (flute) на срамот. Во средниот век служела за казнување на луѓе што го нарушуваат јавниот ред и мир. Пред сè на лоши и неталентирани музичари.

Дечкото што го линчуваат на Твитер затоа што ги кине книгите на пола

Се вика Алекс Кристофи, а стана славен на социјалните мрежи откако постираше фотографија од неговата необична практика, самиот да ги дели дебелите книги на „томови“, со тоа што ќе ги пресече. Луѓе сега го нарекуваат „убиец“, „психопат“ и го пријавуваат во полиција за кривично дело.

Што е тоа „основна пристојност“?

Не станува збор за политичка коректност. Ни за проста форма, церемонијалност и манири зад кои се кријат други намери. Пристојноста е, и треба да биде, нешто повеќе од потиснување на поинаквите (непристојните?) мислења и начини на однесување, вели нова книга.

Вистински предговори на тотално измислени книги

Некои ги прескокнуваат, други сметаат дека се корисни како воведи, без оглед дали се напишани од самите автори или од некој познавач на нивото дело. Има и такви предговори кои можат да функционираат како засебни есеи. Во нова книга, сите тие се реални, ама се напишани за книги кои (сè уште) не постојат.

Потребни се четири добри нешта за да поништат едно лошо

Нова книга на Џон Тирни и Рој Ф. Баумајстер, „Моќта на лошото“, ни потврдува нешто што веќе искуствено го знаеме - дека лошите работи подолго се памтат од добрите, и дека моќта на негативното мислење е како онаа на ламја со три (во случајов четири) глави. И една глава да исечеш, на нејзино место се појавува нова. Освен ако не ги исечеш сите истовремено.

Рејдиохед отвори „јавна библиотека“

Станува збор за нова онлајн архива која ја содржи историјата на бендот, претходно недостапни раритетни снимки, живи настапи и друг материјал.

97-годишниот филозоф кој се премисли за смртта

20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.

37°C - заборавениот прогресивен (и визионерски) рок бенд од поранешна Југославија

Новогодишен подарок од домашните ни ги отвори очите (всушност, ушите) за албум снимен далечната 1979. На него има прогресивен рок, амбиентални мелодии и глас на две пејачки кои тогаш биле во подем - историја на една култура, од која и ние некогаш бевме дел.

Историја на „дели бал“ или „лудиот мед“

Медот кој содржи психоактивни супстанци и денес се произведува во планините Качкар во Турција. Да не оди некој натаму деновиве?

Новата книга на Вилијам Гибсон замислува свет во кој во 2016 победила Хилари

Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.

И кравите си имаат јазик: не е секое „муу“ исто

Нова студија открила дека кравите користат специфични вокализации во различни емоционални контексти. 

Би спиеле ли во слика на Едвард Хопер?

Навистина не е тешко да се замислите среде слика на овој американски уметник, како гледате низ прозорец од спалната или слушате тивка музика во некој бар доцна во ноќта. Ама сега може и да спиете во соба дизајнирана според негово дело.

Тоалети дизајнирани како книги

Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.

Руските научни списанија повлекоа повеќе од 800 статии

Комисијата формирана од Руската академија на науки ги „чешлаше“ научните списанија од различни области поради обвинувања за плагијаторство, авто-плагијаторство и таканаречено „подарено авторство“. Резултатот е „бомба“ во руските научни кругови.

Кога Лолита би била Бабита

Умберто Еко во далечната 1959 пишувал месечна колумна во списанието Вери, која изобилувала со лингвистички експерименти, но и со пародични препрочитувања на славни дела. Едно од нив се однесува на Набоковата „Лолита“. И без да ви правиме спојлери, само ќе ви кажеме - подгответе се за во најмала рака необични сцени на љубов меѓу младиот Умберто Умберто и неговата Бабита.

„Паразит“ ќе стане американска ТВ серија

Еден од најдобрите филмови на 2019 ќе биде адаптиран во мини-серија, во продукција на ХБО.

„Какебо“ - јапонскиот концепт на штедење

Измислен во 1904 од Хани Мотоко, позната како првата жена-новинар во Јапонија, какебо е едноставен начин за водење сметка за потрошеното. За неговата модерна верзија клучно е работите да се запишуваат не на компјутер, туку на хартија, со рака.