Архива

Како Амазон за малку ќе го купеше Нетфликс за бакшиш

1998 година, Амазон се уште е мала и нова компанија (за американски размери), ама Нетфликс е уште помала и понова. Нетфликс во тоа време речиси една година e во бизнис со видео содржини, бизнис во кој Амазон сака да влезе, па овие им изгледаат како одличен почеток.

Најлошиот резултат на САД во историјата, со група граѓани на терен

Американската репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското 2019. По Французите, скалпот им го зема и Србија која претпладнево беше подобра со 94:89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21). Кемба, Мидлтон и другарите ќе завршат 7-ми или 8-ми.

Солза ни потече кога го видовме автоголов

Бразил vs Австралија за играчи до 17 години. Многу ќе треба да го тешат детево за да не изгуби самодоверба во иднина.

Желбите на РТС против Аргентина

Се самопрогласија за светски прваци, ама попија шамар уште во четвртфинале и како утешна награда со денешниот триумф над САД им е борбата за петто место. Али добро, дешава сè.

Незамисливото разорување на Бахамите

Досегашниот биланс на мртви од ураганот Доријан на Бахамите е 30 луѓе, ама ова бројка е само од потврдени случаи кои не ги земаат предвид стотиците луѓе што се уште се водат како исчезнати и допрва треба да бидат пронајдени.

Газдата на Валенсија го отпушти најуспешниот тренер, зошто одбил менаџерски комбинации

И покрај тоа што на клубот од Местаља првпат после 11 години му донесе вреден пехар, и покрај тоа што две години по ред ги внесува во Лига на шампиони во пеколна конкуренција, тренерот Марселино доби шут-карта.

Каков цреп излезе Адебајор со гестов

Арсенал го направи славен играч, таму постигна најмногу голови во кариерата, но тој реши не да ги изнервира, туку речиси да ги плукне в лице, а старите велат дека во старо буре не се плука. Ако ја гледаме и другата страна, се разбира дека и навивачите реагираа крајно простачки.

„Бомба“ за Битлси: снимки од пред 50 години кои фрлаат нова светлина врз распаѓањето на бендот

Марк Левисон, англиски автор и историчар се смета за светски авторитет кога станува збор за Битлси. Снимките до кои дошол за нивните последни состаноци кажуваат поинаква приказна од онаа која до сега ја знаевме - дека едвај чекале да се растурат, и дека главен виновник за тоа бил Џон.

Ова веќе не личи на фудбал

Винченцо Папарели е името на навивачот кој загина од испукана ракета на дербито Рома – Лацио во 1979-та. 40 години подоцна за малку ќе се случеше истата беља, ама во Виетнам. Да му е страв на човек да се доближи до стадион во таа земја откако ќе го види видеово.

Бондовското видео на шпионката која сака во Конгресот

Дента кога ЦИА мораше од Русија да извлече свој топ шпион откако неговиот идентитетот беше компромитиран од фушерајската администрација на Трамп, поранешна шпионка на ЦИА чиј идентитет своевремено беше загрозен од првиот помошник на Дик Чејни (подоцна помилуван од Трамп), со јако видео ја најави својата кандидадура за Конгресот. Да, таа ја вози колата, тоа е дел од обуката во ЦИА. 

Каков еврогол на Хаџи беше ова

На денешен ден пред точно 19 години, Галатасарај предводен од Фатих Терим кој во состав ги имаше Хакан Шукур, Емре Белозоглу, Окан Бурук, Хасан Шаш, Умит Давала, Тафарел, Попеску се сретна во групната фаза од ЛШ против Монако. Ги добија со 3:2. Легендарниот Георге Хаџи мртов ладен шутна една топка од паркинг кој излезе топовската.

Нова песна за татковината, за првачиња или понављачи

Дојдовме до песничка за татковината за првоодделенци, во која и на децата им ја пишале како Северна, пошто од нивните пријатели од Грција научиле дека труењето е најефикасно ако се почне од мали нозе. Ние малку од малку ја продолживме песната, ферски е да ја знаат нашиве мали поголемата вистина за името на нивната татковина Македонија.

Овде уште мајстори кречат, ти сакаш Ливерпул да го гледаш

„Луѓе за два месеци куќа градат, а они не можат едни соблекувални да реновираат“, отворено изјави тренерот на Елиф Елмас и Наполи. Тимот од југот на Италија ја почна сезоната со две последователни гостувања поради тоа што на стадионот им ги реновираа соблекувалните, тушевите и столиците.

Берлин ќе забрани возење џипови низ градот?

Откако возач на Порше џип ја изгуби контролата на возилото, се качи на тротоар и уби три возрасни и едно дете, политичарите и јавноста во Берлин побара забрана за возење џипови „што наликуваат на тенкови“.

Англиски џандар со кече

Во земја каде што е доста зезнато за непослушните навивачи, оние гостинските од Косово поминаа не добро, туку супер. Му ја дрпнаа капата на џандарот кој скроз неочекувано им врати на идентичен начин.

Пол Сколс е гениј и на 44 години

Ако и оваа сезона Манчестер Јунајтед не успее да оствари задоволителни резултати, тогаш редно време е да почне да ги враќа легендите во клубот. На натпревар во чест на Винсент Компани, погледнете каков генијален потег изведе стариот добар лисец од средниот ред.

Што се случува во „Тестаменти“, новата книга на Маргарет Атвуд?

Пред неколку дена излезе долго очекуваното продолжение на „Приказната на слугинката“, дистопискиот роман од 1985 кој стана најпознат по истоимената серија инспирирана од него. Магазинот Тајм по тој повод ја стави Атвуд на насловната, и направи детално интервју во кое таа обелоденува дел од содржината.

Ја изневеривме Џенифер Анистон

На тема Џенифер Анистон, лични желби и очекувања од јавноста, како метафора за тоа колку сме неправедни кон успешните жени околу нас. Внимателно прочитајте на кои сè начини, со најдобра намера им се мешате и никако да ги чуете што сакаат од што мислите дека веќе знаете што сакаат.