7 хотелски финти што никој не ви ги кажал

Дури и да не сте го поминале животот по хотели, сте биле барем еднаш и ние дојдовме да ви кажеме дека тоа совршената белина што ја начекувате при прво влегување во соба баш и не сакате да ја видите со флуоресцентно светло.

Никогаш нема да заборавам кога една пријателка ми раскажуваше за хотел во Грција, каде што отишла со тазе маж и неколкумесечно бебе, влегле во собата, го тргнале прекривачот од креветот да го пресоблечат бебето и наишле на неколку осамени срамни влакна.

Со бебе.

Побарале соба без видливи срамни влакна, не ја добиле, па смениле смештај.

Ама од тогаш, секогаш, СЕКОГАШ го прегледувам креветот пред да го пипнам, затоа што, можеби ќе звучи неочекувано, ама некако не сакам да допирам, гледам и доживувам непознати срамни влакна.

Сега и вие ќе почнете.

Него, овие хакови за хотели доаѓаат од ликот што ни ги доближи хостелите преку Њујорк Тајмс, како нашетан на шест континенти, и споделува на што треба да се пази кога ќе влезеш во хотел. Ствари што ретко ќе ти текнат, како даљинско на пример.

Кое е ужас, патем.

Што е тоа што сите го допираат, а ретко се чисти? Далечински управувач во хотелска соба. Особено хотелска соба што нуди филмови по нарачка. Ако нешто сме научиле од филмови, тоа е дека неретко луѓето времето поминато во хотел, решаваат да го поминат и со себе. Така што, за екстремно гадливи - што па мора да гледате телевизија, и дома имате телевизор. За тие што уште не повративте, може барем да се помине со антибактериско марамче пред да се користи.

Скепса кон чашите што ти се оставени во соба е здраво

Особено кога хотелот нема ресторан. Чашите обично се чистат после секој гостин. Обично. А ако нема ресторан (што значи нема машина за садови) како се чистат? Рачно. Колку тоа добро ќе бидат исчистени рачно? Не се знае. Плакнете, барем.

Не ставајте багаж на кревет

Бубачките што живеат во креветите се гадни. А ако ви го опседнат куферот, можете да си ги донесете и дома. И не значи дека ако хотелот е прејак, нема бубачки. Можеби имаат повеќе начини и средства да се спасат од нив, ама проблемот може секаде да се случи.

Носете долги кабли за полнење гаџети

Бројот на уреди што се носат на пат и бараат полнење се зголемува нонстоп, а сепак, бројот на штекери останува разочарувачки ист. Неретко се и доволно далеку од кревет или фотелја, да мораш да клечиш додека објавуваш фотографија што треба да ги натера луѓето да мислат дека си травел фрик. Купете/нарачајти кабли од 2-3 метри, кога ќе сакате да се успивате со мобилен или таблет, ќе си кажете фала.

Можете да си ги земете шишенцата шампон, ама немојте

Ги собирате шишињата шампон, регенератор и слично што ги остава хотелот во тоалет? Во ред, ама распрашајте се, или проверете: Некои хотели ги даваат недотрошените шишенца во добротворни цели како Clean the World, па вреди да се провери. Вас веројатно ќе ви останат по торби или фиоки во купатило дома, а на некој многу повеќе ќе му требаат. Ако ги земате заради амбалажата што ќе ви се најде за следниот пат кога ќе патувате со рачен багаж, купете си специјални, од Џамбо - има за шампон, за купка и за што и да распрскувате на себе. Се полнат пред секој пат (и тоа со ваши производи, не со хотелски што прават лепра) и спремни сте.

Перењето е скапо, пакувајте паметно

Во Париз, да испереш во дуќан за перење чини 7 евра за цел веш, на Фиџи е 10 долари по парче, на пример. Пакувајте паметно и лесно, за првото перење без проблем да ви биде кога ќе се вратите дома.

И на крај - и хостел е паметно.

13 септември 2019 - 00:00