Страшниот инцидент се случува на прволигашки натпревар во Виетнам меѓу Ханои и Нам Дин 6:1 на кој мислиш навивачиве за војна се спремале, а не за фудбалско уживање.
Гледач идентификуван како Хуен Ан бил итно пренесен во болница откако се здобил со сериозна повреда од ракета или каква и да е оваа факинг запалива материја.
На језивото видео се гледа како чудесијата лета со огромна брзина од едната на другата трибина по што народ очекувано крева паника.
Тука се поставува прашањето каков е тој лудак што дошол на стадион со такво оружје и кој го пуштил да влезе? Кај нас од пред 20 години на Градски не можеш да внесеш петденарка, шише со вода и упаљач, а овој успеал да влезе со ракета.
Виетнамската фудбалска федерација во минатото се соочи со парични казни од Азиската фудбалска конфедерација и ФИФА поради пожари на стадионите на натпреварите на нивната репрезентација, како и на квалификациските мечеви на репрезентацијата У-23 за ЕП 2020, во март годинава.
Не бе ова не е нормално. Како за Виетнам да се работи.