Архива

Како луд гол на Адуриц против Барселона

Триесет и осум годишниот Ариц Адуриц е права икона на Атлетик Билбао. Во првиот меч од новата сезона во Ла Лига, Адуриц влезе во самиот финиш наместо Ињаки Вилијамс и од првиот контакт, со страшни ножички ја сруши големата Барса.

Германија и Бразил ја спукаа околу дрвја

Меркел порача дека ги укинува фондовите за амазонската шума се додека Болсонаро е претседател на Бразил. Болсонаро врати со - да си гледаш германските шуми, а не Амазон.

Малер на колото за кој како да ви кажеме

Немаме тука тикет со спектакуларна добивка, ама имаме малерај до сега невиден во Офсајд. Обрнете внимание на последната утакмица. Играл во живо еден, значи САМО еден гол да падне у прво и паѓаат 10, сите во второ полувреме. Неверојатно.

Најлошата реклама некогаш снимена со Роналдо

Shopee (Шопи) е сингапурска платформа за онлајн пазарење. За последната, најнова реклама решиле да го ангажираат најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, Кристијано Роналдо. А тој кога видел што ќе снима, поарно да не снимал.

Некст левел турска кујна

Денес научивме дека кога рецептот почнува со „земаш лопата и копач“ следуваат вонземски резулати. Она што го повторивме е каков дар за човештвото е турската кујна.

Да свртиме еден чочек за пласман во плејоф на Лига Европа

Богатиот турски клуб Трабзонспор со 2-1 ја победи Спарта Прага во реваншот од 3. квалификациско коло во Лига Европа и е на чекор од пласман во ова натпреварување. Откако славеа 2-1 со гол во 98-ма минута, го одиграа традиционалниот танц.

Штом Златан ти аплаудира, одбраната ти е врв

ДС Јунајтед vs Лос Анџелес Галакси или Руни vs Ибра. Конечниот резултат е 2:1, а голманот на домаќините има не одбрана, туку О Д Б Р А Н А која јавно ја признава и најсуетниот на планетата.

Што песни си нарача Урсула фон дер Лајен за поздрав со Германија?

Жената за некое време треба да стане главна на Европската комисија, заради што си даде оставка на позицијата министерка за одбрана на Германија, а адетот бил дека треба да биде испратена со песна.

Астон Вила потрошила 137 милиони фунти за играчи кои никој никаде не ги слушнал

Кога познавачите на трансфер материјата ќе почнат да ги набројуваат вообичаените гиганти кои секое лето трошат најмногу пари за засилувања, Реал, Барса, Баерн, Сити, Јунајтед, Арсенал, Интер, скоро никој да не приметува дека меѓу нив летово се спомнува и Вила.

Културна изолација: како да НЕ нарачуваш книги и плочи во Македонија

Оние кои го поминале процесот опишан во статијава ќе знаат точно за што станува збор. Оние кои не го поминале - не очајувајте. Има решение и за оние кои сакаат да работат на себе читајќи или слушајќи музика. 

Како го замразив социјализмот и не успеав да го засакам капитализмот

Беа тоа времиња кога полесно беше да отепаш бафало во Канада, отколку да фатиш женска во Скопје....

A времето на спортска прогноза 1X2 го фативте ли?

Мотивиран од Википедијата во тефтер направена оригинално и ракописно, добивме уште еден мејл од читател кој поседува нешто слично, ама многу помалку макотрпно за одржување. Тука практично се ти е на тацна и треба само да пополнуваш.

Кина: Од Хилари демократија не гледате

Откако Хилари Клинтон реши да ги поддржи демонстрантите во Хонгконг, еден од најголемите кинески весници како одговор реши да потсети што се случува кога Хилари поддржува демонстрации во странски држави.

Мамлазот од публика кој со две нозе му влезе на голманот на Ливерпул

Шпанецот Адријан е најзаслужен што Ливерпул го освои Супер Купот на Европа откако царуваше во пенал серијата. Ама за време на прославата на одбранетиот пенал, некоја будала што влегла од трибини да се израдува со играчите, со две нозе влегува во гужвата и го повредува голманот на Црвените.

NYFW: Дизајнери преместуваат ревии заради Трамп

Њујоршката модна недела има проблем со Трамп.

Мејкап револуција со 40 производи

Трепки со својства на жмигавци. Зошто? И зошто да не, бе?

Да не ловиме лајкови со ментални нарушувања

Едно пребарување на хаштагот #depressed на Инстаграм вади преку 12 милиони постови. И меѓу црно-белите слики и гифови од цртани ликови што плачат, има слики од лепотици што пушат цигара и по некој дечко со тажна фаца и тетоважи, па текст: „Помош.” и „Сакам да отидам некаде далеку… Засекогаш.”

Индивидуалните тренинзи на Меси по повредата

Барселона синоќа ја крева завесата во Ла Лига со гостување против Атлетик Билбао. Меси уште не е фит, но за кога ќе им се приклучи да биде што покорисен и поопасен во напад, прави специјални вежби на песок само за левицата. Вака оди тоа.

Те збуни а?

Роберто Баутиста го совлада Френсис Тиафо и обезбеди осминафинале на Синсинати, но во еден момент промаши зицер, веројатно збунет од неочекуваниот мангупски и атрактивен потег на Американецот.

Прекраснотија од акција во два потега на Вулверхемптон

Премиер лигашот го елиминираше Пјуник од Ерменија со вкупни 8:0 во Лига Европа. Синоќа направија толку јака комбинација, да не знаеш дали да се воодушевиш повеќе на голот или на асистенцијата. Убавини.

Патешествието на „Кажи зошто ме остави“

По Миљенко Јерговиќ, постојат три верзии на песната кои треба да се слушнат: грчката, македонската и онаа на Џими Станиќ.