Астон Вила потрошила 137 милиони фунти за играчи кои никој никаде не ги слушнал

Кога познавачите на трансфер материјата ќе почнат да ги набројуваат вообичаените гиганти кои секое лето трошат најмногу пари за засилувања, Реал, Барса, Баерн, Сити, Јунајтед, Арсенал, Интер, скоро никој да не приметува дека меѓу нив летово се спомнува и Вила.

Да, Астон Вила од Бирмингем, градот на Пики Блајндерси, клуб кој е рамо до рамо со Реал и Барса по трошење за нови фудбалери.

Астон Вила се врати во Премиер лигата откако го победи Дерби Каунти на Лампард во финалето на плејофот од Чемпионшип, но реално јавноста многу малку знае за овој тим. Во сезоната 2015/2017, Вила собра 17 бода на 38 меча во Премиер лига, смени дури четворица тренери за 10 месеци и испадна во Чемпионшип.

Испаѓањето на пониско ниво беше голем проблем не само од фудбалска гледна точка, но и од финансиска: приходи од тв права, реклами, опаѓа продажба на сезонски и редовни карти, се менува пола екипа, зошто играчите не сакаат да играат во Чемпионшип.

Следните три сезони Вила имаше многу турбуленции: кошмарна сезона 2016/2017 (13-то место), стабилна сезона 2017/2018 (четврто место и пласман во финале на плејоф) и конечно сезона 2018/2019 (голема победа во финалето на плејофот и пласман во Премиер).

Сега клубот чиј состав едно време не беше на ниво ниту за Чемпионшип, е засилен со фудбалери за кои се платени 140 милиони фунти! По трансфер биланс (разлика меѓу продажба и купување) Астон Вила е втора во Европа зад Реал Мадрид. Клубот од Бирмингем има -158.6 милиони евра од трансфер буџетот.

ОД КАДЕ АСТОН ВИЛА ТОЛКУ ПАРИ?

Кратко и едноставно - пари нема. Клубот просто решил да ги потроши на трансфери скоро сите средства од идните заработки од тв правата во Премиер лигата. Може да сметаат на 100 милиони фунти од телевизиски права плус зголемени приходи од реклами во деновите на натпреварите.

Вила во последните десет години живее во долгови. Ситуацијата е ужасна затоа што од почетокот на оваа деценија, Бирмингемците немале ниту една сезона каде клубот реално заработувал самостојно од продажба на играчи или од финансиерите.

Сите проблеми со пари во кои западнала Вила биле последица на катастрофалното владеење на минатите сопственици на клубот. Од 2006 година газда на Вила беше Ренди Лернер кој го заглавил клубот во долгови „до гуша“. По испаѓањето во втора лига во 2015/2016, Лернер ја продаде Вила на кинескиот бизнисмен Тони Сија.

Кинезот пробал да ги среди работите, првото лето имал идеја да вложи во трансфери и да се врати експресно во Премиер лига, па во екипата дошле нови играчи во вредност од 80 милиони фунти. Но тоа не помогна. Вила заврши на средина на табела во Чемпионшип.

Следната сезона 2016/2017, кинескиот газда решил да го затегне ќесето, ги вратил фудбалерите кои биле на позајмица, ангажирал слободни агенти, па така во тимот се најде и Џон Тери кој се менуваше како играч и помошен тренер.

Но ни тоа не ги намали долговите, па Сја решил да го продаде клубот на Насеф Савирис (член на најбогатото египетско семејство) и Американецот Вес Еденс.

Клубот се уште има проблеми со финансискиот фер плеј во Англија, но не му се заканува суспензија затоа што сопствениците имаат доволно пари да ги покријат долговите. Притоа екипата ја засилија играчи кои ќе бидат финансирани од идните приходи за учество во Премиер лига.

Во Астон Вила летово дошле 12 нови играчи!

Во случај клубот да не се спаси од испаѓање следната сезона, голем дел од овие играчи ќе бидат продадени или ќе бидат пратени на позајмица, за да не им се плаќаат плати на ниво на Премиер лига. 

Англиските медиуми сега Вила ја нарекуваат новиот Фулам. Минатото лето Лондонците исто така потпишаа со дури 12 нови играчи, потрошија астрономски 115 милиони фунти, но за разлика од нив, тимот од Бирмингем разумно го распределува парите и системски ја засилува екипата.

Разликата во трансферите на Вила и Фулам е голема. Клубот од Крејвен Котиџ трошеше хаотично и неплански, го уби духот на тимот кој храбро се избори за место во Премиер лигата. Кај овие од Бирмингем е поинаку.

Од 12 играчи со кои потпишаа, за 7 фудбалери не се поставува никакво прашање: Анвар Ел Гази, Кортни Хоз и Тајрон Мингз беа позајмени а сега нивните договори се откупени. По заминувањето на Хатон на клубот му требал лев бек, па стигна одличниот Мет Таргет од Саутемптон.

Најголемо засилување треба да биде шпицот Весли Мораеш од Клуб Бриж кој дојде како замена за Теми Абрахам на кого му заврши позајмицата и се врати во Челси кај Лампард. Езри Конс дошол од Брентфорд за да го замени Аксел Туанзебе кој се враќа во Манчестер Јунајтед, а Хота е дел од трансферот на Хари Гарднер во Бирмингем.

Во Вила дошол и Том Хитон од Барнли кој ќе ја покрива проблематичната позиција на Џед Стир кој лани не бранеше доволно добро во Чемпионшип.

Ова значи дека 8 од 12 трансфери не се засилувања, туку просто решение на проблемите во составот кои се појавуваат со пласман на највисоко ниво (продолжување на позајмици, крај на договори, збогување со слаби фудбалери кои не се на ниво).

Лидери во новата сезона треба да станат Џек Грилиш (дете на Вила и најголема ѕвезда на клубот) и Весли Мораеш, Бразилецот кој ќе треба да го одмени младиот Теми Абрахам кој лани постигна 26 гола како прв шпиц на екипата. Ќе биде интересно да се види како тренерот кој ја одведе Вила во Премиер лигата, Ден Смит, ќе се справи со големиот предизвик.

Необично, Астон Вила за Смит е посебен клуб. Неговиот татко цел живот навивал за клубот и дури работел како редар а малиот Дин навивал од трибините. Дин сега жали само за едно нешто: татко му пати од деменција и дури не знае дека син му ја води неговата омилена екипа.

16 август 2019 - 13:51