Архива

„Штрковите“ ја добија првата меч топка за Еврокупот

Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа на првата од последните три пресметки во регионалната АБА лига во која го бркаат шестото место на табелата кое носи излез во Европа. Тимот од Аеродром беше подобар од босански Широки со 82:71.

Голчиште или среќлија на сезоната?

Мотаз Салани од екипата на Ал-Ведат во лигата на Јордан го постигна најчудниот гол оваа сезона. Намерно или не? Одлучете сами дали ова е најдобриот гол сезонава или Мотаз е најголем среќлија.

Како настана Игра на тронови (серијата)

Двајцата продуценти на серијата, ја читаат книгата, се заљубуваат во неа, одат на ручек со Џорџ Р.Р. Мартин за да го измолат да им дозволи приказната да ја претворат во серија. Пред да одговори што било, Мартин им дава тест: Што мислите која му е мајка на Џон Сноу? (Може да има малку спојлери ако уште не сте почнале да ја гледате)

How it's made во рикверц

Муабетот прастар: Не е фора машина што може од вол да направи колбас, туку од колбас да направи вол (ок е, и вицот го знаеме). Регуларна емисија од типот How it's made, ама почнува од крајот.

Живот, за малку

Генерално глупо е во животот да се ослонуваш на среќа, ама па некогаш оди снајди се без неа. За разлика од среќа во бирање на парчето погача за Бадник или бирање на касата со касиерка во работно расположение, тука станува збор за живот или смрт вид на среќа. Луѓево потрошија среќата за едно 3 идни реинкарнации.

Да останев во Америка, ќе фрлав бомби

Непосредно пред премиерата на неговиот филм „Нултата теорема", Тери Гилијам раскажува за тоа како се запознал со Џон Клиз, за опседнатоста со ликот на Дон Кихот, и зошто е убаво да завршиш неколку работи пред да одиш под земја.

Ерата на Фејсбук е аномалија

Дана Бојд е една од најголемите светски експерти за тоа како тинејџерите ја користат технологијата, инаку работи во Микрософт Рисрч каде што задача и е да и помогне на компанијата да се снајде во трендовите на социјалните медиуми. По нејзе, сето ова што се случува на Фејсбук нема никаква логика.

Неговите пет минути

Дома чуваат куче и мачка. На кучето не му даваат да се качува на кревет. И ставаат камера да видат што прави кога газдите не се дома.

Забораваме за да не полудиме

Ингрид Бергман велеше дека среќата е составена од добро здравје и лоша меморија. Науката потврдува за последново, дознавајќи дека мозокот активно работи на тоа да заборави некои работи.

Тикет на колото

Овој викенд тикетот на колото ни го состави лидерот на типстер, Менде кој води убедливо на првата позиција овој месец, но и на вкупната листа на типстери.

Дали осудени терористи имаат право да пишуваат мемоари?

Новата автобиографија на еден од основачите на терористичката организација 17. ноември се продава како грчка алва. Додека некои се ужаснати, други ја бранат слободата на говор. 

Каде одиш, интернету?

ОК, сме гледале тешки утки околу предвидувањето на иднината на интернетот. Во моменталниот пресек на мислењата на експертите, тој за 10 години или ќе го има толку многу што ќе заборавиме дека е тука, или - ќе го нема ич.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO направија одличен избор од најдобрите голчишта од изминатите седум денови. Десет гола, кој од кој поубав.