Виновник за ова, како и обично со проблемите кај германските политичари, е асоцијацијата со Хитлер. Во исто време кога Тито го имал германскиот овчар Лукс, Хитлер бил познат по неприродната приврзаност со германскиот овчар Блонди.
Иако кучката била убиена неколку моменти пред Хитлер да изврши самоубиство, токму таа е причината што 67 години подоцна германските претседатели ги минуваат мандатите без миленичиња.
Единствениот претседател кој имаше куче е Јохан Рау кој за време на мандатот од 1999-та до 2004-та го чуваше шнауцерот Скутер. Она што треба да се спомене за Рау е дека тој по еден куп други основи беше поразличен претседател од неговите претходници.