Тaдер (што му доаѓа комбинација од Тиндер и udder за виме) е англиска дејтинг апликација наменета за помош при парење на стока.
Слоганот им е “100 percent Bull, 0 percent Bullshit” а содржи информации за потентните жители на 42.000 краварски фарми во земјата па човек/сопственик/подводач може да листа и да бара соодветен партнер/ка за неговите четириножни пулени.
И името им звучи на Тиндер, и логото е слично на нивното и користењето на апликацијата функционира на ист начин, со листање лево - десно низ понудата па кликање на одбраниот модел и запознавање со податоците за расата, возраста и локацијата.
Има и уште една сличност: тоа што во речиси секоја понуда има барем една фотографија - од позади. Предноста на апликацијата е што зад овдешните понуди не може да се крие сексуален манијак.