Имаме тест за ковид-19 кој дава резултат за 5 минути

Одобрен е во САД, за позитивен резултат доволни му се 5 минути, за негативен треба да се почека 13 минути. И е пренослив.

Американската агенција за храна и лекови му даде употребна дозвола на најбрзиот молекуларен детектор на коронавирусот, изработен од компанијата Абот.

Освен брзината, решението на Абот е драгоцено заради тоа каде може да се користи: надвор od четирите ѕида во класична болница или ургентна клиника. Овој тест може да се употребува во импровизирани здравствени капацитети, во адаптирани шатори, спортски сали и слично.

Компанијата соопштува дека веќе од следната недела ќе можат да произведуваат по 50.000 тестови дневно.

Тестирањето останува клучна алатка во напорите за контролирање на пандемијата а стратегиите се разликуваат од земја до земја. Некои, како нас, сроведуваат лимитиран број на тестови само на оние кои покажуваат симптоми или биле во ризични ситуации, додека други се решија на масовно тестирање за побрзо да се мапира ситуацијата и да се одредат најефикасни мерки за нејзино менаџирање. Чешка, на пример, пред десетина денови се снабди со 150.000 комплети за тестирање. 

 

 

 

28 март 2020 - 21:20