Тела кои јадат стотинки

Атлетичарите и натаму успеваат да постигнуваат сé подобри резултати не само заради усовршување на тренинзите и исхраната туку и затоа што телата им се менуваат. Стануваат повисоки и послаби.

Висината и тежината на светскиот рекордер Усеин Болт е вистински пример како телото ти дава предност во однос на останатите и шанса и натаму да рушиш рекорди, велат научиците. Според нив, неговите пропорции се идеални за постигнување импресивни резултати.

Истражувањето на биолошките статистики на атлетичарите во последниве 100 години покажало дека во изминатите 10 се забележуваат физички промени кај оние што се најдобри.

"Порано беа набиени и мускулести, денес најдобрите најчесто се високи и витки," вели професорот Ален Невил, био статистичар.

Можно е да е така заради тоа што таквите имаат подобар чекор и 'систем за ладење' заради плоштината на нивната кожа, претпоставува Невил.

 

12 март 2012 - 07:12