Основци ќе учат дека и машки деца менструираат

Активисти за трансродови права успеваат да се изборат во основни училишта во Британија децата да се учат дека „сите родови“ може да имаат месечен циклус.

Советот на градот Брајтон и Хув, во својот извештај наведува дека „транс-момчињата и не-бинарните луѓе може да имаат месечен циклус“ и дека „менструацијата мора да ги опфаќа сите родови“.

Како дел ова во сите тоалети во училиштата (вклучително и машките) ќе бидат обезбедени канти за хигиенски производи за менструација, а за трансродовите ученици ќе биде обезбедена и дополнителна помош ако е потребно.

„Со поттикнување на ефикасно образование за менструација и пубертет, ние се надеваме дека ќе ја намалиме стигмата и дека ќе осигуриме дека ниту едно дете или млад човек нема да чувствува срам кога ќе побара хигиенски производи за менструација во или вон училиштето, кога тие ќе им потребаат.

Веруваме дека е важно за сите родови да можат да научат и заедно да зборуваат за менструацијата...

Нашиот пристап го признава фактот дека некои луѓе кои менстурираат се транс или не-бинарни,“ се објаснува во соопштението од советот.

Забелешките на ваквата одлука се дека е „лудило“  наставниците ги учат учениците дека трансродовите момчиња може да имаат месечен циклус. Според пратеникот од Ториевците, Дејвид Дејвис, „месечниот циклус и онака е комплициран предмет за децата на таа возраст, па уште на сето тоа да ја додадеш идејата дека девојчињата кои веруваат дека се момчиња исто така имаат месечен циклус, има комплетно да ги збуни“.

Истиот градски совет неодамна објави водич кој треба на наставниците да им помогне да го „третираат родовиот идентитет со поголема сензитивност.“ Во него од наставниците се бара повеќе да ги почитуваат и да бидат по инклузивни кон децата кои не се сигурни околу својот род, и наведува дека намерно избегнување детето да се нарекува по името и родот што тоа го одбрало може да претставува малтретирање. Тие исто така на училиштата им препорачуваат да воведат идентични униформи за сите ученици, кои нема да се разликуваат по родова основа.

17 декември 2018 - 10:59