- Резултатите не се како што очекувавме, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на прес конференција по првиот круг на изборите.
- „Веројатно разликата ќе биде околу 130.000 гласови, можеби и нешто повеќе. Очекувавме помалку, но утре е нов ден“.
- Пендаровски рече дека не се чувствува малодушен, дека кондицијата на коалицијата која го подржува не била на исто ниво како во 2019 година и верува дека тој додал екстра вредност на тоа конто.
- Швајцарците со убедливо мнозинство од 70% гласаа на референдум против построго толкување на политичката неутралност на нивната земја. Ова ѝ овозможува на владата да ги следи одлуките на ЕУ за санкции, како на пример против Русија.
- Швајцарија е неутрална од 1516 година и тоа го вгради во Уставот во 1848 година.
- Иницијативата „Зачувување на неутралноста“ бараше владата да не може да воведува економски санкции, освен оние одобрени од Советот за безбедност на ОН, ниту да соработува со НАТО или кој било воен сојуз, освен во случај на напад.
- Министерот за надворешни работи Ињацио Касис изјави дека неутралноста на Швајцарија отсекогаш била „флексибилна“ до одреден степен. „Неутралноста не треба да се поистоветува со рамнодушност. Швајцарија не смее да врти глава на страна кога се крши меѓународното право, дури и заради заштита на сопствените интереси или мирот“, изјави министерот.