Американската федерална авио агенција се согласи да го преписпита правилникот за користење лични електронски апарати во текот на летовите.
Агенцијата вели дека ќе биде внимателна бидејќи безбедноста на патниците и екипажот останува приоритет за нивните уредби. Есенва ќе биде започната студија која темелно ќе треба да преписпита дали користењето телефони, таблети и други уреди навистина може да создаде пречки во функционирањето на авионот и неговата електроника.
Доколку не се најдат докази за можната штета, агенцијата вели дека е подготвена да го преписпита опсегот на користење на електронските уреди во различните делови од летот.
Засега, нема да се чепка забраната за телефонски разговори за време на полетувањето и слетувањето.