Има 12 спрата (барем над земја), а Вашингтон пост ја опишува како „кристална шеќерна коцка и модернистички музеј кој изразува отвореност и транспарентност“ за разлика од стандардниот бруталистички бункер стил на амбасадите.
Архитектот што ја изработува амбасадата објаснува дека делумно е инспириран од средновековните европски замоци, заради што еден дел од зградата е обиколен од вода. Делот со водата се паѓа да биде баш на единствената страна од плацот на амбасадата што излегува на главна улица.
Предвидено е амбасадата да произведува повеќе електрична енергија отколку што ќе користи со помош на сончевите панели инсталирани на кровот од зградата. Вишокот на електрична енергија доаѓа и од високото ниво на енергетска ефикасност на објектот.
Според архитектот спецификациите што ги добил за изградба на објектот биле на 1000 страници.