Подкастот на Џо Роган и натаму ќе го има на Спотифај но отсега ќе можат да го следат и оние на Јутјуб, Епл и Амазон.
Се зборува дека новиот повеќегодишен договор вреди околу 250 милиони долари а дека на Роган ќе му следува и парче од адвертајзинг колачот.
Роган стана ексклузивец на Спотифај во 2020 година и се зборува дека тој договор му има донесено околу 200 милиони долари. Пред две години тој имаше и примамлива понуда од нашиот Крис Павловски од Рамбл.
Во меѓувреме, Роган се зацврсти како убедливо најследениот подкаст на светот. Притоа, има неколку битни карактеристики за ваквиот успех: добри гости кои имаат што да кажат, одважност да се зборува и за работи кои дел од јавноста ќе ги доживее како контроверзни а за разлика од некои други водители (особено кај нас), Роган умее и да слуша.
Тој подкаст отвори уште во на 24 декември 2009 година и досега има одработено 2.200 епизоди, со вообичаено траење меѓу два и три часа.
Интересно е што и покрај тоа што неговиот подкаст, лажно прогресивните социјални воини често го обвинуваат за токсична мажественост, “The Joe Rogan Experience“ е втор по популарност подкаст за девојчиња постари од 13 години.
Заради неговото одбивање да се вакцинира, фаци како Нил Јанг и Џони Мичел своевремено решија да ја повлечат својата музика од Спотифај.