Девојката што ја подготвуваат да владее со Викторијас Сикрет

Иако секоја година повеќе од 30 жени се појавуваат на пистата на Викторија'с Сикрет шоуто, брендот најмногу се труди околу само неколку "Ангели" кои со тек на време ги расте во супер ѕвезди.

Во изминатите неколку генерации тоа беа Тајра Бенкс, Хајди Клум, Жизел, Алесандра Амброзио и Андријана Лима.

За време на годишното шоу Викторија'с Сикрет сосема јасно покажа дека следна супер ѕвезда на брендот ќе биде 24-годишната Кендис Свонепул.

Јужно Африканката родена и израсната на фарма, прв пат потпиша за ВС во 2007-ма, а првиот настап на шоуто и беше во 2010-та. За време на годинешното шоу таа беше единствен "ангел" кој доби свој посебен сегмент, во кој беше емитувана нејзината биографија.

Таа прв пат е откриена од моден агент на 15-годишна возраст, на пазар во близина на нејзината фарма. Веќе на 16 години се сели во Париз, каде што станува една од најбраните модели.

Кендис на 16-годишна возраст во Париз

Со Херман Николи, дечкото со кој што Кендис е заедно од 17 години

Со и без шминка

Првиот настап на Кендис за Викторија'с Сикрет

22 февруари 2013 - 22:44