Не е крај на светот ако згрешите на работа

Иако сите се свесни дека грешките се неизбежни, сепак најголемиот дел од луѓето го минуваат времето преправајќи дека не згрешиле ништо, бранејќи се или префрлајќи ја вината на другите.

Авторите на "The Barefoot Spirit: How Hardship, Hustle, and Heart Built a Bestselling Wine," тврдат дека луѓето паметат како сме реагирале на некоја грешка, а не која е самата грешка.

Првиот совет на Мајкл Хулихан и Бони Харви е - признајте ја грешката. Ова прво ќе ја отстрани можната драма во ситуацијата и ќе ви дозволи да се префрлите на наоѓање решение. Плус, заради ова може и да добиете неколку симпатизери во целта работа.

Следните чекори се да се избегне префрлање на вината и покажување со прст, да се открие како се случила грешката и да се среди кој и да е процес што довел до грешка.

За крај Хулихан и Харви препорачуваат да се документира целата работа и на сите страни на кои им е згрешено да им се објасни што се случило.

19 септември 2012 - 14:47