Кликни-дувај

Руските власти уапсија разнесувач на храна низ карантирана Москва, кај кого не е најдена храна, ама затоа е најден половина килограм марихуана.

37-годишниот маж е запрен на рутинска проверка во парк во Москва кој е затворен како дел од мерките за карантин.

Марихуаната му е најдена во торбата за испорака на храна.

Според руската Национална гарда, која е ангажирана за спроведување на карантинот, лицето било облечено во униформа на една од компаниите за разнесување храна низ градот.

За сега не се знае дали лицето ќе одговара само за дрогата што ја имало со себе или и за прекршување на карантинот.

9 април 2020 - 11:55