Теоријата што се тестира во студијата објавена во Кварталниот журнал на експериментална психологија, е дека попречувањето на "артикулаторното моторичко програмирање" - моториката поврзана со зборувањето - со џвакање мастика може да го попречи формирањето на несакани музички сеќавања.
Во експериментот на Универзитетот од Рединг на учесниците им е пуштана песната "Плеј Хард" од Дејвид Гета, по што требало да изведат два експерименти. И во двете ситуации џвакањето мастика значително го намалило колку често луѓето помислувале на песната и колку често таа им свирела во глава.
Во сузбивање на музиката од глава помогнало и тапкањето со прсти, меѓутоа оваа варијанта имала далеку помала успешност од мастиката за џвакање.