Проблемите на 19-годишната Касандра Баксон од Калифорнија биле до тој степен сериозни што таа престанува да оди на училиште за да го избегне постојаното малтретирање.
Но, по 40-те милиони прегледување на нејзиното видео на ЈуТјуб, во кое објаснува за секојдневните проблеми и дава упатства како може да се сокријат недостатоците, таа добива понуди за работа од повеќе агенции, кои и наоѓаат ангажмани за брендови како Бебе и Ренџ Ровер.
Во видеото таа детално зборува и за својата состојба, проблемите што ги има со кожата и дава чекор по чекор упатства за прикривање на маните. Видеото е снимено во декември 2010-та, од тогаш до денес Касандра тврди дека состојбата и е подобрена за 70%.
Првата ревија на Касандра на Модната недела во Њујорк е за брендот Boy Meets Girl.