Веганска пастрмајлија, кога?

Вегански активисти бараат популарната британска пита „свински кружен тек“ со уредба на властите да биде реименувана во „вегански кружен тек“. Да се намалела суровоста кон животните и да се правеле поздрави животни избори. На испостен човек сешто ќе му текне.

ПЕТА гордо објавија дека му пишале на градоначалникот на Лестер со барање да ја преименува питата „свински кружен тек“ чие име потекнува од тој град и нивната препознатлива библиотека која од воздух изгледа како кружен тек.

„Со оглед на тоа што зборот веган е скован во Лестер од Доналд Вотсон во 1944 година, промена на името на питата ќе биде одличен потег за славење на веганското и пито-обожувачко наследство на овој град,“ велат тие на својот веб сајт.

Во продолжение на писмото стандардно наведуваат болештини кои се добиваат со јадење месо и производи од животинско потекло а нафрлаат и дека Лестер има една од најголемите стапки на дебели луѓе во Велика Британија.

Градоначалникот ги одбил побрзо отколку што би се изладила пита.

„Нашле добар начин да свртат внимание кон себе. За нивна жал, не  размислувам да го променам името на саканата пита“.

Со други зборови, на барањето на ПЕТА за промена на името на питата, градоначалникот Питер Соулсби одговорил:

„Си го питаМ“.

********

13 август 2022 - 12:15