На почетокот беа само 4 базични вкуса- слатко, кисело, солено и горчливо. Подоцна науката откри дека човекот во она што го јаде може да детектира и умами (кога нешто ти е слатко за јадење а тоа нема врска со неговата блажина).
Сега основните вкусови стануваат шесторка бидејќи на првите пет им се придружува мрсното.
"Она што го регистирираме во сочна кременада или капка маслиново масло не е слично на ниеден од стандардните вкусови. Тоа предизвикува посебна сензација во устата и имаме доволно докази да го сметаме за базичен вкус", вели еден професор од американскиот Универзитет Пердју.
Кога е само и изолирано, мрсното не е најпријатниот вкус кој можете да го замислите (професорот Мејтс го опишува како "многу грубо"), но во комбинација со останати елементи знае драматично да го збогати вкусот на она што го јадеме.
За засегнатите, ова откритие е рамно на пронаоѓање нова основна боја и нејзина примена во нови видови уметнички дела.
Нашето разбирање на основните бои ни овозможи да ја развиваме уметноста и да го подобруваме нашиот вид. На сличен начин, нашето разбирање на вкусовите ќе ни помогне во подобрување на вкусот на она што го јадеме, вели професорот.
Во продолжеток, неколку фото илустрации на она што конечно ја доби заслужената научна верификација.