Меѓу црните актери и филмаџии, веќе се разви движење за бојкотирање на годишните оскари. Па за време на гостувањето на Грем Нортон шоуот (со Кевин Харт го промовираат Ride Along 2), во разговор околу темата, Кјуб одговара:
"И онака никогаш не сум одел на тоа. Не можеш да бојкотираш нешто кое никогаш не си го посетил.
Ние не правиме филмови за индустријата. Правиме филмови за фановите и за луѓето. А индустријата ако ти даде награда или не, ако те потчукне по грб или не, тоа би било убаво ама не е нешто на што треба да се трошиме.
Ние имаме признанија од сите нивоа, од нашите најголеми фанови до заинтересираните фанови, па дури од луѓето што мислеле дека не ни сакаат да го гледаат филмот. Добивме премногу пофалби за филмот. Па како можеме сега да се лутиме што уште една Академија или здружение или кој и да е не рекол дека ние сме нивниот број еден?
Ова е како да плачеш што нема доволно прелив на тортата. Едноставно е смешно."
Минатата недела Дејли Шоу во сегмент околу Оскарите, ја даде својата забелешка околу тоа зошто филмот на Кјуб нема добиено номинација, и каде имаат утнато:
"Може требаше да стават барем еден роб во филмот. Мислам дека тука утнавме. Баш тука утнавме. Само еден роб по случаен избор за членовите на Академијата да сфатат дека станува збор за вистински филм за црнци."
Инаку, на страна галамата Економист пресмета дека до сега црнците во САД иако имаат помалку номинации, тие имаат добиено соодветен број на Оскари на нивниот удел во американската популација. Според нивната математика ако некој треба да се жали тоа се латиносите и азијатите.