Главниот проблем на ѕвездите на франшизата е на крај да не изгледаат како поразени, па затоа на Вин Дизел, Рок и Статам со договор им е ограничен ќотекот што нивниот лик ќе го истрпи пред камера.
Дизел за ова прави крајно компликувана шема за рангирање на секој удар што некој актер ќе го добие на камера: дали бил удрен со бокс, со глава, со нога и слично, за насилството рамномерно да се подели меѓу сите.
Како што објаснува продуцентот на пет филма од франшизата, Мајкл Фотрел, во пракса шемата била неизводлива па решението е борбите да бидат кореографирани така што на крај никој нема да изгледа како губитник. По овој принцип во Брзи и бесни 5-ката, Дизел го турка Рок низ ѕид, за 8 секунди подоцна Рок да му го врати во иста мерка.
Вин Дизел не се појавува во најновото продолжение на Брзи и бесни, „Хобс и Шо“ во кое Рок и Статам треба да се справат со Идрис Елба.