Во книгата од 2004-та „Геј брак“, авторот Џонатан Рауш предвидува „во рок од една генерација, бракот ќе значи крај на геј културата како што ја познаваме.“
Изборот истражувањето да се прави во Масачусетс е затоа што таму истополовиот брак е легален веќе 14 години, додека на ниво на САД е легализиран во 2015.
Во заклучоците од студијата објавена минатиот месец во Журналот за брак и семејство, се наведува дека:
„И учесниците што беа во брак и оние што не беа во брак, споделија преовладувачко чувство дека тоа што можат легално да стапат во брак значително го намалило чувството за потреба кое во минатото го поттикнуваше организирањето на ЛГБТ заедницата.“
Дополнително, испитаниците навеле дека затоа што по легализирањето на браковите се чувствуваат „поприфатени и безбедни“ во меинстрим околината, тие сега чувствуваат „помалку потреба“ дури и „да се групираат според сексуална ориентација“.
Според авторката на студијата, социологот од Нотр Дам, Абигеил Окобок, заклучоците не треба да се сфатат како залез на геј културата:
„Мислам дека е рано да зборуваме за крај на геј заедницата како што денес ја знаеме, меѓутоа таа гарантирано се менува, и бракот секако игра улога во тоа.“