Така говореше Расел Бренд

Расел Бренд е последниот од серијата јавни личности прозвани дека биле сексуални предатори и гадови. Ќе видиме како тоа ќе заврши, дали ќе наебе ко Харви Вајнстин или на крај ќе испадне невин ко Кевин Спејси (откако му ја упропастија кариерата). И Бренд и неговите фанови се сомневаат дека зад медиумскиот отстрел стојат поинакви мотиви на оние кои го фатија на нишан.

„Пандемијата создаде најмалку 40 новои милијардери од областа на фармацијата.

Фармацевтските компании како Фајзер и Модерна, од вакцините правеа профит од 1.000 долари секоја секунда.

Повеќе од две третини од Конгресот имаат добиено пари од фармацевтските компании за кампањaта за изборите во 2020 година.

Претседавачот на Фајзер, Алберт Бурла, на магазинот Тајм во јули 2020 година му кажа дека развиваат ковид вакцина не за профит туку за добро на човештовото. Фајзер направи профит од 100 милијарди долари во 2022.

Да го спомнам само уште ова: Вие, американската јавност, го плаќавте развојот на вашите вакцини како што германската јавност го плаќаше развојот на БиоНТек вакцината. Кога беше за финансирање, вие финансиравте, кога дојде до профитот, тие го земаа. 

Кога имате економски систем во кој фармацевтските компании профитираат од здравствени кризи, систем во кој воено-индустрискиот комплекс профитира од војни, во кој енергетските компании пофитираат од енергетските кризи, ќе добиете држава која е во постојана криза, во која интересите на обичниот народ е различен од интересите на елитите“.

17 септември 2023 - 20:30