Срце немаат да ни кажат отворено

Под притисок на јавноста и законот за достапност на информации, американскиот Центар за превенција и контрола на болести го достави извештајот за она што го знае за мРНК вакцините и миокардитисот после вакцинирањето. И, што вика извештајот? Тоа е цаката, апсолутно секој наод во извештајот на 148 страници е редактиран, односно покриен. И вие ги сомничите дека нешто ни кријат?

Светски познатиот кардиолог, доктор Питер МекКулох уште лани предупреди на загрижувачки трендови на инфаркти кај луѓе кои примиле вакцини.

Притоа коментираше една студија на луѓе од Харвард која најде остатоци од МРНК вакцината во срцата на покојни вакцинирани.

„Можеме да заклучиме дека некои поединци шетаат наоколу со ковид вакцината во нивниот срцев мускул. Долгорочните импликации за срцев удар, срцева слабост и други проблеми не се познати. Без разлика колку академската заедница се обидува да ја минимизира оваа студија, овој труд не е добра вест за био-фармацевтскиот комплекс“.“

Друга студија има заклучено дека вакцините на Фајзер и Модерна се директно токсични за срцевиот мускул, по што МекКулох и многу други отворено побараа овие вакцини да бидат комплетно тргнати од пазарот.

 

 

5 април 2024 - 14:15