Слушнете го мудриот Садгуру што вика за името

Садгуру е духовен учител и јогин од Индија, англиско име на земјата што ѝ го дадоа нејзините поробувачи и колонизатори. „Кога некој окупира друг  народ, прва работа што ќе ја направат е да ти го сменат името. Ако ти дадам бесмислено име, ти за мене стануваш бесмислен човек. Бидејќи јас имам име кое значи нешто, имам традиција, имам култура... ти немаш ништо“.

- Дали згрешивме со името (старото име на Индија е Бхарат - н.з.)?

Садгуру: Сериозна грешка. Треба да разберете нешто: кога некој окупира друг народ, прва работа што ќе ја направат е да ти го сменат името.

Тоа е технологија на доминацијата, технологија на поробувањето. Ако ја погледнете афро-американската историја, кога Африканците беа донесувани, првата работа што се правеше, уште на пристаништата, беше да им ги сменат имињата. Нивните имиња веќе не важеа, им даваа некои блесави имиња.

Тоа и нам ни го направија. Индија. Што тоа значи? Не значи ништо. Ако ти дадам бесмислено име, ти за мене стануваш бесмислен човек. Бидејќи јас имам име кое значи нешто, имам традиција, имам култура... ти немаш ништо. Така ние имаме станато Индија.

Концептот на нација мора да навлезе во сечиј ум. Бидејќи нацијата е само идеја. Кога таа идеја ќе ти се впече во умот и ќе ти влезе во срцето а твојата страст ќе биде е водена со тоа, тогаш имаш вистинска нација. Инаку, нацијата постои само на хартија.

Тоа е несреќната реалност за нас. Кога колонизаторите заминаа во 1947-ма година, прва работа што требаше да ја направиме е да го смениме името во име кое ќе одекнува во сечија глава. Сега користиме англиско име за нашата нација.

Тоа барам од актуелниот премиер: мора да ja преименуваме оваа земја со име кое ќе дише во сечие срце.

8 септември 2023 - 16:59