„Синан е рокенрол. Тоа не може да биде сељана,“ пишавме некаде во 2018 година кога се одјави најголемиот во паралалениот андеграунд. Да додадеме уште некој пиксел во големата слика: татко му свирел во воената филхармонија во Загреб, тој редовно одел во ашрамот на Саи Баба а неговата публика се има самоповредувано како на концерти на Иги Поп. А дека бил тажен и несреќен човек, тоа претекуваше од песните.