Ние да изгласаме ваков, има да нè бомбардираат

Се разбира дека и по последните избори на кој победи партијата на Герт Вилдерс, Холандија останува убава земја со убави обичаи на слободарство, лежерност и непикање нос во туѓи манџи. Меѓутоа, овој Вилдерс е толку заебан лик, што ти станува јасно дека под стакленото ѕвоно на Бореловата „градина“ веќе извесно време се крчкаат занимливи работи.

Денес имам порака до Турците.

Вашата Влада ве лаже дека еден ден, ќе станете членка на Европската унија. Заборавете на тоа. Вие не сте европејци и никогаш нема да бидете.

Исламска држава како Турција не припаѓа на Европа. Сите вредности за кои се залага Европа: слобода, демократија. човекови права се некомпатибилни со исламот. Не сакаме ни Турците без виза да патуваат по Европа. Европските влади кои се залагаат за спротивното, од народот ќе бидат избркани од функција.  

Турција гласаше за Ердоган, опасен исламист кој во вее знамето на исламот. Ние не сакаме повеќе, туку помалку ислам.

Турција, држи се подалеку од нас. Овде не сте добредојдени.

Герт Вилдерс

************

Од следниов говор на Вилдер, како екстремни и радикални фанови на слободата на мислата и заебанцијата, комплетно се согласуваме со точката под број 5.

 

 

1 декември 2023 - 15:32