За разлика од мешање мажи и жени, мешање категории во боречки вештини е сосема легално, востановено и обично се води како борба во апсолутна, или, на Олимпијади, во мешана категорија. Тука ги имаме легендарниот француски џудист Теди Ринер со своите 145 килограми и Јужнокореецот Ли Хун Хван, со 81 килограми. Без разлика како ви изгледа разликата од над 60 кг, оваа борба и понатаму е драстично порамноправна отколку која било борба меѓу жена и транс-жена со иста килажа.
Да се разбереме, без разлика како ви изгледа Хван, дечкото е врвен џудиста кој без проблем ќе го реши секого што го чита ова, без разлика на килажата и силата.