Лекциите веќе не минуваат

Никако да сфатат дека со помпезноста и замислената морална супериорност, нивното попување веќе не проаѓа ни кај вториот ни кај третиот свет. Оној новинар на BBC кој се изгоре од соговорник од Јужна Африка, сега нагази на претседателот на Гвајана, кому реши да му опишува колку јаглерод диоксид ќе биде испуштен од нивната нафта. Да, а? А знаеш ли дека ние чуваме шуми големи колку Англија и Шкотска заедно?, му враќа младиот Мохамед Ирфан Али.

********

Претходно со истиот новинар: И Африка веќе не им ќути

Пред некој ден добија „reality check“ од уредничката на РТ.

„Нивните новинари во последно време одат на интервјуа решени по секоја цена да го фатат соговoрникот во тесно, но толку се фиксирани и коцкасти во тoa посакувано сценарио што ако малку ги изместиш од замислената траекторија на разговорот, им се кочи софтверот“, пишавме за дуелот со Ендру Тејт.

А не е само третиот свет: Маск нагази новинар на BBC

Види и: Утепа ли се, БиБиСи?

 

30 март 2024 - 08:40