Јенс Столтенберг, НАТО:
Украина ќе му се приклучи на НАТО. Не е прашање дали туку кога. Додека се подготвуваме за тој ден, НАТО ќе продолжи да биде со Украина. За ваша безбедност и за наша безбедност.
Владимир Путин, Русија:
Сакам уште еднаш да нагласам, сум го кажал тоа и претходно, но многу би сакал конечно да ме слушнете и да ѝ пренесете на вашата публика во печатените, телевизиски и интернет медиуми. Разбирате или не разбирате дека ако Украина влезе во НАТО и ако се проба Крим да се врати со воени средства, европските држави автоматски ќе се вовлечат во војна со Русија? Се разбира, потенцијалите на НАТО и на Русија се неспоредливи, јасно ни е тоа. Но, јасно ни е и дека Русија е една од водечките нуклеарни држави во светот и по некои параметри е надмоќна од другите. Ќе нема победници а во конфликтот ќе бидете вовлечени против својата волја. Ќе немате време ни да трепнете кога ќе го активираат Членот 5 (за колективна одбрана на членките на НАТО)...