Русија учи

На почетокот од војната колку што Русија беше изненадена од лошите перформанси на военото поле, толку и Западот и Украина беа изненадени колку лесно беше поразен непријателот. Од тогаш Русија константно се адаптира начинот на кој Украина ја води војната.

Поразите од минатата есен за Русија означија почеток на повеќемесечната операција за сериозно утврдување на позициите по целата должина на фронтот. Изненадување и за Украина и Западот е и употребата на дронови од страна на Русија, како нивната бројност, така и успешноста.

Вол стрит журнал објаснува дека и покрај промените што ги прави, руската армија и понатаму страда од истите советски проблеми како и од почетокот на војната, кои главно се однесуваат на тешката хиерархија и давањето приоритет на политичките пред фронтовските цели. Пример за ова е битката за Бахмут која имаше нула стратешко значење, но Кремљ одлучи дека тој е клучна цел, и во тоа име загинаа илјадници Руси.

Процените на западните аналитичари се и дека Русија речиси и да нема никакви посериозни офанзивни капацитети, заради што и целосно е посветена на одбрана по целата должина на фронтот.

Тоа што Русија го смени годинава е што нејзините авиони престанаа да влетуваат во зоните покриени со проектили од украинската ПВО, што во првите месеци на војната доведе до соборување на 75 руски авиони. За да го покријат недостатокот на муниција, Русите почнаа да додаваат системи за наведување на постари бомби кои ги исфрлаат од авиони што летаат вон обрачот на украинската ПВО.

Една од стратешките промени, откако ХИМАРС-ите се појавија на фронтот, е и повлекувањето на руските командни и логистички центри подалеку од фронтот. Доколку САД ги испорача АТАЦМС проектилите што ги вети, Русите ќе треба да го повторат повлекувањето.

Русите во меѓувреме престанаа и да го потценуваат непријателот, па повеќе не испраќаат колони оклопни возила без дополнителна заштита, или пак лошо обучени и малкубројни единици во борба. Тие имаат и сосема нов пристап кон криење и камуфлирање на својата опрема и одбранбени линии.

Значителна промена во руската стратегија е и употребата на системи за електронско војување и попречување, на кои отпаѓа голем дел од украинските загуби на дронови. Неодамна беше објавено дека Украина месечно губи по 10.000 дронови.

Успешната употреба на украински дронови на руска територија е и причината зошто Русија почна да ги разместува своите авиони, наместо да ги концентрира на помал број аеродроми. Тие исто така почнаа да ставаат гуми на крилјата на некои од бомбардерите паркирани во нивните бази, нешто што на западните експерти не е им е најјасно што треба да постигне.

Еден од најзагрижувачките успеси на Русија се однесува на нивното зголемување, во некои случаи и дуплирање, на военото производство. Па на пример процената е дека од 100 пред војната денес Русија произведува 200 тенкови годишно или дека во следната година ќе успее да достигне производство од 2 милиона артилериски гранати.

25 септември 2023 - 15:05