Таблетот за готвење

Најновиот таблет на пазарот чини 400 долари, не работи со ниту една продавница за апликации, со помал екран е од најголемиот број на таблет уреди, има само 8 гига меморија - и се продава како лудо. Зошто? Затоа е дизајниран да служи само како готвач со рецепти.

Таблетот QOOQ започна да се продава точно на време за католичкиот Божиќ, а во себе содржи: готвач, листа за купување, ТВ шоу за готвење, гастрономска енциклопедија, веб браусер, нутриционистички информации и водич за вино.

Друго нешто по што се разликува од останатите таблет уреди е што може да ги истрпи и највалканите инциденти во кујната. Таблетот е отпорен на јајца, млеко, брашно, мед, крем, шампањ и вода, плус издржува топлина (до 140 степени), како и гребаници. Доаѓа и со вграден држач кој ќе го потпира на шанкот, а кога е легнат има доволно високи ногарки кои дозволуваат течностите да минат под него.

Содржините во QOOQ се собрани од околу 100 готвачи од цела Франција, од готвачи во бистро до готвачи во ресторани со Мишелин ѕвезди, плус 10 специјалисти за вино кои ги прават комбинациите на храна и вино. Иако меѓу рецептите преовладува француската кујна, има и италијански, шпански, американски и јапонски рецепти.

Освен рецептите, таблетот содржи и совети за работа во кујна и интерактивна листа која дозволува да ги пребаруваш рецептите врз основа на состојките што ги имаш во фрижидер.

24 декември 2012 - 18:05