Пред само 3 години БлекБери држеше 50% од пазарот на мобилни телефони во САД, за денес да има едвај 5%.
Единствено место каде што овие телефони можат да се видат е Вашингтон и Вол Стрит, ама во Силициумската долина тој речиси и да исчезна.
Ова најсликовито го демонстрираше новата директорка на Јаху, Мариса Мајер, која на сите вработени со БлекБери телефони им понуди бесплатно да ги заменат со Ајфон или Андроид.
"Ми доаѓа со палка да го удрам. Ништо не можам да направам со него. Би требало да можеш да направиш, ама не можеш, се е голема лага," изјавила една незадоволна корисничка за Њујорк Тајмс, кој објаснува дека го крие БлекБерито кога оди на состаноци.
Падот на БлекБери се должи и на тоа што компаниите кои на своите вработени им дозволуваа да користат само БлекБери, полека почнаа да дозволуваат и користење на Ајфон и Андроид во корпоративни цели.
"Се чувствувам комплетно беспомошно. Цело време гледаш како другите можат се и сешто да прават на своите телефони, а јас немам ништо, само BBM четот ми остана," гневно раскажува соговорничката на Тајмс.