Прв на удар е Dropbox e чиј основен бизнис е "cloud" сервисот за зачувување на фајлови. Иако iCloud на Епл постои веќе некое време, со новата верзија тој доби подлабока интеграција со останатите сервиси на Епл. Олеснителната околност на Dropbox е што тој е прилично распространет на Виндоус, а започнува и соработка со производителите на Андроид телефони. Претходно, самиот Стив Џобс неколку пати сакаше да го купи Dropbox но беше одбиен од неговите основачи.
Системот за нотификации Growl, далеку подобро ја вршеше работата отколку "автохтониот" систем на Епл. Во новото продолжение на OS X, целата работа со нотификациите е поубаво интегрирана и подобро работи од она што го нуди Growl.
Освен што реши да го откачи Гугл за мапите, Епл мапите ги поврза со Сири, па сега тие добија и гласовна навигација, нешто за што до сега беа задолжени ГПС уредите на Гармин. Со оваа промена Гармините станаа вишок, бидејќи никој нема потреба за уред кој може да се замени со сервис на Ајфонот.
Последен на списокот е 1Password, апликацијата од 14,99 долари која служи за зачувување на најразлични лозинки на корсиниците, кои се достапни од секаде. Сега слична функција ќе врши Passbook сервисот на Епл.