Surface не само што е прв таблет, туку и првиот персонален компјутер во 40-годишнта историја на Микрософт. Ќе има две различни верзии на таблетот, еден "основен" РТ модел со послаб АРМ процесор и еден "про" со појак Интел процесор.
Она што не е познато за таблетот, се веројатно најважните работи: колку пари е, од кога ќе биде достапен, колку ќе му држи батеријата и дали ќе има 3G или 4G.
Пари и достапност
The Next Web:
"Не ја знаеме ниту цената. Имаме некоја рамка, ама и таа не е дефинирана. РТ моделот ќе биде во рангот на останатите АРМ таблет компјутери, додека Про верзијата ќе биде во рангот на "Интел Ултрабук." Ако не ви е јасно, Ултрабук имаат цени од 500 до 1.200 долари, во зависност од моделот. Не можеш да бидеш толку општ со уред кој има таков потенцијал."
Daring Fireball:
"До некаде можам да разберам објавување на производот без да се каже од кога ќе биде достапен. Ама никако не можам да разберам објавување без да ја кажат цената. Зошто не почнат да собираат пред-нарачки?"
Ars Technica:
"Таблетот се гледа дека е паметен, убаво изгледа, внимателно создаван, добро направен, вешт уред и на пазарот денес нема ништо приближно на него. Секако, ниту Surface денес не е на пазарот..."
New York Times:
"Ако планираш да потрошиш околу 1.000 долари за таблет со тастатура на вадење, зошто тогаш едноставно не земеш ултрабук, кој е покомплетен компјутер а тежи речиси исто."
GDGT:
"Лошо е да го објавиш таблетот во јуни и да не го пуштиш во продажба до октомври или ноември. Зошто со цената не го позиционираа во близина на Ајпадот, кој му е вистинската конкуренција. Сигурен сум дека тука имало некоја стратешка одлука тој да биде објавен пред конференцијата на Гугл."
Батерија
Daring Fireball:
"Нема спецификации за батеријата за АРМ и за Интел верзијата. Ќе почнам да си мислам дека целта работа е лага."
TechCrunch:
"Публиката секогаш ќе сака високо квалитетни системи. Сепак во моментов има премногу непознати. Не е важна цената на Surface, туку како се однесува после 5 часа? Колку долго му трае батеријата?"
The Next Web:
"Сакам Микрософт да успее со таблетот. Мислам дека е производ со огромен потенцијал. Ама исто мислам дека ако прават нешто треба правилно да го направат. Најавување на нов производ, без да дадеш датум на испорака, со збунувачко име (претходно ја имаа таа 'масата' на допир што исто се викаше) и да не ни кажеш колку ќе чини??? Тоа не е ни блиску до правилно направено. Да не спомнувам дека се уште фалат податоците за траењето на батеријата и целосните спецификации за таблетот."
Интернет
Gizmodo:
"Дали РТ или Интел верзијата ќе имаат 4G интернет. Ви-фи е во ред за најголемиот дел ама ако сакаш да се доближиш до бизнис пазарот, мобилниот интернет е неверојатно важен."
Освен ова, луѓето што го видоа и можеа да го пробаат уредот во основа имаа пофални зборови за Surface.