Ситуацијата на РИМ е следна: во јуни / јули ќе отпушти 2.000 луѓе, а од неодамна е стопирано тргувањето со акциите на компанијата, откако тие паднаа на најниско ниво во последните 10 години.
Причина за падот беа вестите дека компанијата има залиха од не продадени БлекБери телефони и Плејбук таблет компјутери во вредност од 1 милијарда долари. Пред само една година, резервата ја одржуваа на 618 милиони долари. Во 2008-ма кога акциите на РИМ беа на рекордни 147,55 долари, таа беше под 500 милиони долари.
На РИМ не му помогна ниту најавата за новата БлекБери 10 платформа, која минатиов месец на интернет не доби речиси никакво внимание.
БлекБери е еден од оригиналните смартфони. Првиот модел се појави во 1999-та, неколку години пред некој воопшто да чуе за Ајфон и Андроид. Нивните телефони беа речиси задолжителни за секој поединец во финансискиот сектор и во секоја поголема корпорација, а БлекБери беше и официјален телефон на администрацијата на САД.
Неодамна тие го загубија и договорот со американската влада.