Мајки на Македонци што сакаат порно (наскоро)

Graph Search неодамна најавениот пребарувач на Фејсбук, на првите тестови пред публиката се покажа дека е најневеројатниот воајерски пребарувач што некогаш се појавил на интернет, кој прилично сурово ќе ве соочи со вистината.

Освен регуларните можности за пребарување по име и презиме, локација, пол, занимање, пребарувачот својата моќ ќе ја црпи од способноста за истовремено споредување и барање по повеќе параметри. На пример, тој би дал резултат на пребарување од типот: мајка на Евреи што сакаат сланина или сопруга на маж што сака проститутки или слободни девојки кои се заинтересирани за мажи и сакаат да пијат.

Откако ги увидел можностите на Graph Search, еден од првите луѓе што го тестираа сервисот направи и блог од пребарувањата што можат да се прават на новиот сервис.

 

 

 

 

24 јануари 2013 - 17:02