"Ќе се изненадам ако во следните 24 месеци не почнат да се појавуваат корисници кои се само со претплата за интернет," порачал ЦЕО-то на AT&T на една конференција за инвеститори.
Од 2009-та, споредните функции на мобилниот (како пораки, сурфање, гледање видео, мејлови и музика) комбинирано ги надминаа телефонски повици како главна активност за која се користи телефонот. Според една анализа на Нилсен се очекува во следните три години пораките да го надминат зборувањето како главна активност на мобилните.
"Првично, зборувањето беше главна намена на мобилниот. Ама сега зборувањето е помалку од половина од сообраќајот на мобилните," изјавил извршниот директор на Спринт Некстел, Дан Хесе.